Четврта полугодишна анализа за состојбата со транспарентноста на мониторираните институции – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за периодот јануари-јуни 2021

Тековната 2021 година е значајна за борбата против корупцијата и владеењето на правото во Република Северна Македонија според повеќе параметри. Владата ја прогласи оваа година за година посветена токму на борбата против корупцијата и на самиот почеток од истата усвои План за борба против корупција на Владата, како дополнителен инструмент кој ќе придонесе за успешно справување со ризиците од корупцијата. Дополнително, со продолжувањето на пандемијата од КОВИД-19, продолжија и ризиците од корупција поврзани со злоупотреба на јавните пари.

Сето ова уште повеќе го истакна значењето и потребата од транспарентност на институциите и навремено информирање на граѓаните за преземените активности во врска со нивните надлежности и со трошењето на јавните ресурси.

Погледете го целиот извештај на следниот линк:

Cetvrt-izvestaj-za-periodot-januari-juni-2021.pdf