Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” објавува повик за граѓански организации за учество на обука за ЕУ проектен дизајн и менаџмент.
Во рамки на проектот ќе бидат спроведени четири обуки, на кои ќе бидат опфатени следниве теми: раководење со проектен циклус, запознавање со елементите на логичка рамка, логика на интервенција и изработка на проектна апликација. Покрај учесниците од граѓанскиот сектор на обуката ќе учествуваат и преставници од Центрите за социјална работа. Освен горенаведените теми, за време на обуките ќе се иницира подготовка на заеднички проектни апликации од областа на социјалната вклученост. При подготовката на апликациите учесниците ќе бидат менторирани од страна на експерт од областа на проектен менаџмент.
Подолу можете да ги најдете опциите за термини и географската распределеност на обуките:
- За организации кои работат и/или сакаат да соработуваат со Центрите за социјална работа во Струмица, Штип, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Делчево, Берово и Виница обуката ќе се одржи од 25 до 27 октомври 2016 во Берово.
- За организации кои работат и/или сакаат да соработуваат со Центрите за социјална работа во Крива Паланка, Куманово, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Кочани и Велес обуката ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември 2016 во Берово.
- За организации кои работат и/или сакаат да соработуваат со Центрите за социјална работа во Ресен, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Неготино, Кавадарци обуката ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2016 во Охрид.
- За организации кои работат и/или сакаат да соработуваат со Центрите за социјална работа Скопје, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод обуката ќе се одржи од 9 до 11 ноември 2016 во Охрид.
За пријавување на обуката Ве молиме пополнете ја кусата апликација која можете да ја симнете на линкот .
Апликација за пријавување за обука.
Истата треба да се испрати на hristijan@idscs.org.mk најдоцна до 17 октомври. Доколку имате дополнителни прашања поврзани со обуките Ве молиме контактирајте не’ на hristijan@idscs.org.mk или 077669640.
Напомена: Во зависност од пројавениот интерес на граѓанските организации за обуките, опсегот на нивното делување, како и изразениот интерес за соработка со Центрите за социјална работа од одреден регион, пријавените кандидати ќе бидат соодветно распоредени. За оваа цел, во апликацијата (во прилог на овој повик) наведете две преферирани опции за термин.
Овој проект e поддржан од Европската Комисија и истиот има за цел да ги зајакне капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејности, центрите за социјална работа низ Републиката и граѓанските организации за поефикасно да се искористат фондовите на Европската унија.
Повик за обука за ЕУ проектен дизајн и менаџмент за граѓански организации