Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, Ве повикува да доставите понуда за проектор за потребите на проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“.
Проектот се имплементира во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Понудата треба да вклучи набавка на проектор. Проекторот треба да се испорача најдоцна до 11 ноември 2024.
Понудата треба да се достави со цена без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).