Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, Ве повикува да доставите понуда за печатење на публикација (ВОДИЧ – Поврзување на младите со природата) за потребите на проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“.
Проектот се имплементира во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Понудата треба да вклучи печатење на двојазична публикација (македонски и албански јазик) во една верзија. Публикацијата треба да се испечати најдоцна до 11 ноември 2024.
Понудата треба да се достави со цена без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).