Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, Ве повикува да доставите понуда за обезбедување материјали за потребите на проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“.
Проектот се имплементира во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Понудата треба да вклучи набавка на канцелариски материјали и прибор неопходни за подготовка на еко модна ревија за потребите на проектот. Потребните материјали, прибор и количини се дадени во прилог во табелата.
Материјалите и приборот треба да се испорачаат најдоцна до 4 октомври 2024.
Понудата треба да се достави со цена без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).