1. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) ), како носител и Младински Центар Авоко, како партнер го спроведуваат проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“, во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
За потребите на проектот АДИ објавува повик за: ангажирање на стилист.
Со повикот се дефинира доменот на работата, задачите, планираниот обем и рок на активностите, како и критериумите за избор.
2. ДОМЕН НА РАБОТА
Избраниот стилист треба заедно со проектниот тим да учествува во подготовката на модна ревија од материјали кои може да се рециклираат.
Подготовката на мода ревија ќе вклучи средношколци од Гостивар. Модната ревија ќе имаат за цел да ја промовираат повторната употреба на материјалите и да ги вклучат младите во одржлива модна индустрија.
Секој дизајн треба да биде креативно дело, кое ќе покаже дека рециклирањето и повторната употреба на материјалите може да имаат оригиналност и вредност. Ревијата ќе биде можност да се подигне нивото на еколошката свест, а моделите ќе покажат колку е важно да се биде активен во решавањето на проблемите со отпадот.
Од избраниот стилист се очекува уредување (шминка и фризура) на најмалку 15 учесници на модната ревија.
3. ВРЕМЕНСКА РАМКА
Избраниот стилист ќа биде ангажиран 1 работен ден. Во ова е засметано времето за подготовка на учесниците и спроведување на модната ревија.
Датумот за спроведување на модната ревија ќе бидат дополнително дефинирани од страна на АДИ.
4. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности, односно по завршувањето на модната ревија.
5. КРИТЕРИУМИ
Изборот на стилистот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Изборот ќе се направи според принципот „најдобра понудена вредност“.
Квалификации, професионално искуство и вештини:
- Завршено средно образование;
- Најмалку 5 години искуство во теми релевантни во повикот, односно искуство во шминка и фризури;
- Поседување лиценца/сертификат за областа ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
6. ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Кратка биографија (претставена на некој од општо прифатените обрасци);
- Релевантни лиценци и сертификати;
Финансиска понуда по ден ангажман.