Во рамки на овој извештај презентирани се резултатите од анализата на состојбите со дигитализацијата и достапноста на е-услуги во повеќе јавни институции од различни сектори во земјата. Анализата се реализира како дел од проектот „Поттикнување на институционалната дигитална иновативност – алатка за борба против корупцијата!“, реализиран од страна на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21, со финансиска поддршка на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.