Овој извештај од проценката е подготвен за потребите на проектот ,,Различноста е во мода –
промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“, спроведуван во рамки на Програмата
ИПА за поддршка на Граѓанското општество и Медиумите за 2014 година, Приоритет
3: Промовирање на подобрени односи помеѓу заедниците. Проектот е реализиран од
Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар во соработка со “Стопанската
комора на северо-западна Македонија“ и Мултиетничкото здружение Флоренс Најтингејл
(ФН). Главната цел на акцијата е “подобрување на меѓуетничките односи и зголемување на
локалната мултикултурна демократија”. Специфичните цели на проектот се:
- Да се процени напредокот во спроведувањето на стратегиите и специфични
политики поврзани со интеграцијата на етничките заедници и односи меѓу
заедниците; - Да се развијат и усвојат локални стратегии за мултикултурен дијалог;
- Да се поддржи спроведувањето на локални акции со цел подобрување на односите
меѓу заедниците од страна на локални граѓански организации.
Девет мултиетнички општини во земјата се цел на активностите на проектот – општините
Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Кичево, Тетово, Куманово, Маврово и Ростуше
и Струга.