Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, Ве повикува да доставите понуда за испорака и монтажа на урбана опрема за потребите на проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“.
Проектот се имплементира во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Понудата треба да вклучи набавка и монтажа на урбана опрема за училиштен двор за потребите на проектот. Опремата треба да вклучи една клупа со маса, три поединечни клупи и пет метални корпи за отпадоци (скица со бараната опрема е претставена во продолжение на Барањето).
Набавката треба да вклучи испорака и монтажа до самото место – Средно општинско училиште во Гостивар. Краен датум за обезбедување на опремата е 25 октомври 2024.
Понудата треба да се достави со цена без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).