Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, Ве повикува да доставите понуда за Изнајмување аудио опрема, фотографирање и продукција на видео за потребите на проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“.
Проектот се имплементира во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Понудата треба да вклучи изнајмување аудио опрема и камера, како и продукција на видео за потребите на проектот.
Изнајмувањето на аудио опремата и фотоапаратот е за времетраење на еко модна ревија од максумум 3 часа. Промотивното видео од пректните активности треба да се изработи најкасно до 31 октомври 2024.
Понудата треба да се достави со цена без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).