НОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 24.06.2024 (понеделник) ДО 16:00 ЧАСОТ.
ВАЖНО: РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 07.06.2024 (петок) ДО 16:00 ЧАСОТ.
Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) објавува Барање за доставување на понуди за ангажирање на тројца (3) експерти/обучувачи и 1 (еден) ИТ експерт за потребите на проектот „Рамноправноста низ призма на статистиката“ за следните активности:
- Изработка на програма за јакнење на сите релевантни чинители за борба против дискриминацијата и промовирање на еднаквоста преку собирање податоци и развивање политики засновани на докази .
- Спроведување на обука за обучувачи чија содржина ќе опфати сесии за модел на собирање податоци, систем и методологија и алатки и методи за учење на возрасни.
- Спроведување на 6 (шест) каскадни тренинзи за собирање податоци за мерење на дискриминација.
- Спроведување на 1 (еден) модул за е-учење за собирање податоци за мерење на дискриминација за државната администрација и другите засегнати страни пилотиран преку 1 (една) обука за модул за е-учење со група од 50 државни службеници.
Сите заинтересирани физички или правни лица треба да достават понуда за испорака на услуги за изработка програма за јакнење на капацитети на сите релевантни чинители за борба против дискриминацијата и промовирање на еднаквоста преку собирање податоци и развивање политики засновани на докази, во рамки на проектот „Рамноправноста низ призма на статистиката“.
- Понудата доставена од физички лица треба да ги содржи следниве информации:
2. Понудата доставена од правни лица треба да ги содржи следниве информации:
Дополнителни прилози: Најмалку два труда/анализи од слични работни ангажмани на предложените експерти или правното лице.
Понудата се доставува во затворен коверт до архивата на Здружението Асоцијација за демократска иницијатива – АДИ (бул. Браќа Ѓиноски бр. 61, 1230 Гостивар). На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0507-249“ позицијата за која аплицирате, експерт, и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.
Во случај на доставување на понудата по електронски пат, целокупната скенирана докуменација се доставува на следната е-пошта: sunchica@adi.org.mk
Понудата треба да се достави не подоцна од 28.05.2024, 16:00 часот.
ВАЖНО: РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 24.06.2024 (понеделник) ДО 16:00 ЧАСОТ.
ВАЖНО: РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 07.06.2024 (петок) ДО 16.00 ЧАСОТ.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.